На 23-ти ноември во зградата на Собранието на Свети Николе се одржа вонредно изборно Собрание на радио аматерскиот сојуз на Македонија. На собранието за претседател на РСМ беше избран Звонко Стаменков долгогодишен активист и познат радио аматер во земјава и странство.
Овој пат делегатите кои ги представуваат матичните клубови избраа во раководството личности кои имаат врвни резултати во светски рамки во повеке радио аматерски дисциплини.
Владимир Ковачевски од Струга доскорашен прв секретар на амбасадата на Република Македонија во Албанија, е европски рекордер во одржани врски во текот на календарска година со радио аматери од целиот свет и радио аматер кој има одржано најголем број на радио врски во 21 век.
Зоран Милев од Штип е единствен радиоаматер од Македонија кој постави два светски рекорди во најважните натпреварувања на радио станица напреварувајќи се од Тунис и Турција.
Озрен Спасков е член на најдобриот македонски радио клуб со седиште во Штип кој со години е во светскиот врв во радио аматерски натпреварувања.
Дејан Трајковски од Битола е доктор по технички науки, и е еден од пионерите во поранешна Југославија, и меѓу првите 200 во светот кои работеа врски преку месечината на ултра кратки бранови.
Ристов Венци од Гевгелија е еден од членовите на мултинационален тим од 17 земји кој постави европски рекорд во број на одржани врски од една земја во текот на календарска година.
Младен Марковски од Кавадарци долгогодишен активист од Кавадарци кој обучи стотици млади да станат врвни во својата област.
На вонредното собрание беа присутни и зедоа активно учество претставници од Агенцијата за електронски комуникации и центарот за управување со кризи.
ЦУК- Душко Петревски и Зоран Блажески
АЕК – Радка Шекутковска и Никола Грковси.