1/16/2018 8:19:27 AM
Почетна
Македонија
Политика
Економија
Крими хроника
Балкан
Свет
Живот
Анализи/Коментари/Ставови
Магазин
Секс
Спорт
верзија за мобилен уред
NetPress на Facebook

ВРЕМЕ: Скопскиот аквадукт заробен во римско

10.09.2008 - 12:19:32
Римскиот аквадукт во Визбегово, единствено културно наследство од таков вид во земјава, не се конзервира и се распаѓа. И по пробивањето на булеварот Словенија, со кој се очекуваше полесно да се доаѓа до него, нема табла ниту знак со објаснување. Водоводниот систем од камен и од тули, од некогашните 200 лака, денес брои само 55 лака, а повеќето од нив имаат огромни дупки на местата од каде се краделе камења или пак со текот на времето се одронил градежниот материјал. Објектот со години наназад стои обраснат во трева и бодливи растенија, но најсериозен проблем е барата која се создаде околу еден дел од аквадуктот и предизвика искривување на неколку лакови. Од Националниот конзерваторски центар најавуваат археолошки истражувања на теренот, а истовремено ќе се бараат и средства за да се отстрани водата која понира од земјиштето. - Деновиве ќе почнеме со сондажни истражувања околу аквадуктот, кои ќе бидат сконцентрирани на крајниот дел од објектот каде што имало чешми. Постои и проект за конзервација на објектот, за чија целосна реализација ќе треба да се бараат средства од државата и од донатори. Во план е да се направи и дренажа за истекување на водата - вели Јани Антониев, директор на Националниот конзерваторски центар. Ветување за скорашни активности околу аквадуктот најавуваат и од Управата за заштита на културното наследство. - Планираме идната година да го внесеме аквадуктот во капиталните зафати кои се финансираат од буџетот на Република Македонија - изјави Паско Кузман, директор на Управата. Во апелот кон надлежните што поскоро да се направи пристап до римскиот водовод и да се санираат најзагрозените делови, се вклучуваат и жителите на Визбегово, каде што е лоциран овој стар систем. Тие раскажуваат дека единствената реконструкција на објектот е направена на трите срушени лака кои по земјотресот од 1963 година повторно се обновени. - Обновените делови денес се исчкртани, а токму пред нив се снимаа спотови, реклами, се одржа и концерт на една музичка група и толку. Тоа е се од посетеноста и повремено кога ќе помине некој странец. Инаку аквадуктот како лого го користи јавното претпријатие „Водовод и канализација“, а Општина Бутел го има на својот грб, никој од властите не се нафаќа да го заштити - вели жител на Визбегово. Од Општина Бутел речиси повеќе од година најавуваат изградба на директен пат до објектот, но велат дека главната пречка е чисто административна, бидејќи со генералниот урбанистички план просторот не е предвиден како градежен, туку како зелена површина. - Двата пристапни пата се трасирани и проектирани уште лани, по повикот кој го добивме од Управата за заштита на културното наследство и од Конзерваторскиот центар. Едниот влез треба да биде од кај Качанички Пат, односно регионалниот пат за Косово, а другиот од страната на булеварот Босна и Херцеговина. Но клучот и почетокот на заживување на целиот овој простор се измените во ГУП, се друго е интервентно - вели Снежана Клинчарова, портпаролка на Општината. Кон најавите за изградба на пристап се приклучија и градските власти, кои информираат дека се при крај со подготовките за изработка на нов ГУП. - Подготвени сме да ја почнеме постапката, се собираат барањата за измена на планот од општините, како и од правни и од физички лица. Градот во својата културна презентација веќе го има афирмирано аквадуктот и тој се наоѓа во најновата туристичка публикација, а ќе се најде и на новиот туристички сајт на Скопје. Во буџетот за 2009 година ќе обезбедиме средства за изградба на пристапен пат до аквадуктот, како и за поставување соодветна сигнализација и информативни табли - велат од градското одделение за односи со јавност.
автор: Нетпрес
ФОТО: „Прозорецот на светот“ – светските чуда на едно место во Кина
10. 12.2013 - 12:08:57
категорија: МАГАЗИН
Божиќен концерт - музика на оргули за добротворни цели
10. 12.2013 - 10:29:03
категорија: МАГАЗИН
Васил Толевски член на Здружението на писатели на Србија
10. 12.2013 - 09:28:59
категорија: МАГАЗИН
Денеска ќе бидат прогласени најдобрите македонски сајтови
10. 12.2013 - 08:53:11
категорија: МАГАЗИН
Дневен хoроскоп (10.12.2013)
10. 12.2013 - 08:44:16
категорија: МАГАЗИН
Во Нетпрес кујната денеска плескавици со ајвар и овесни колачиња
10. 12.2013 - 08:41:33
категорија: МАГАЗИН
ВИДЕО: Мајли Сајрус навистина претера, му „тверкаше“ и на Дедо Мраз
09. 12.2013 - 22:11:09
категорија: МАГАЗИН
Хороскопските знаци и снежните лудории: ракот ужива под топло ќебе, лавот обожува да биде на снег, а водолиите сакаат снежни битки
09. 12.2013 - 14:05:06
категорија: МАГАЗИН
„Новогодишниот саем на книги“ на издавачката куќа “Феникс“
09. 12.2013 - 12:26:55
категорија: МАГАЗИН
ФОТО/ВИДЕО: Најголемата новогодишна елка во светот
09. 12.2013 - 11:38:59
категорија: МАГАЗИН
Претепан братот на Парис Хилтон, нападот го организирала Линдзи Лохан?
08. 12.2013 - 13:51:22
категорија: МАГАЗИН
ВИДЕО: Кога венчавката ќе се претвори во борба на суперхерои
08. 12.2013 - 10:44:17
категорија: МАГАЗИН
Фотографии на Фото клубот „Охрид“ во просториите на „Охридско лето“
08. 12.2013 - 10:12:52
категорија: МАГАЗИН
Пивото го продолжува животот, а кафето го скратува
07. 12.2013 - 14:25:42
категорија: МАГАЗИН
Избега слон од циркус во Рим
07. 12.2013 - 14:17:06
категорија: МАГАЗИН
Наташа Беквалац на чекор до анорексија
07. 12.2013 - 14:13:34
категорија: МАГАЗИН
Семејна љубов: Миранда Кер во кревет со своите мајка и баба
06. 12.2013 - 10:58:05
категорија: МАГАЗИН
Дневен хороскоп (06.12.2013)
06. 12.2013 - 08:41:41
категорија: МАГАЗИН
Петочко мени во кујната на Нетпрес: Паста со посен сос од соја и палачинки со банана
06. 12.2013 - 08:39:22
категорија: МАГАЗИН
Премиера на балетот „Корсар“, по 10 години се враќа на сцената на МОБ
05. 12.2013 - 17:34:32
категорија: МАГАЗИН
ФОТО: „Орхидеја која зрачи“ е бојата 2014 година
05. 12.2013 - 15:37:54
категорија: МАГАЗИН
Крушка под крушка паѓа: Хефнер му ги остави зајачиците во наследство на синот
05. 12.2013 - 14:40:05
категорија: МАГАЗИН
Филмски фонд додели грантови во вредност од шест илјади евра
05. 12.2013 - 13:25:52
категорија: МАГАЗИН
Изложба на слики од Павле Кузмановски
05. 12.2013 - 09:37:45
категорија: МАГАЗИН
Се вчитува...
Архива
Тема на денот
Најнови вести денес
Најчитани вести
Колумна
Напаѓачите на споменикот на цар Душан се со заробени умови
08. 12.2013 - 09:12:10
Ало, „Разбуди се“, ш’о правиме сега, ги разбудивте фашистите! А вам топло ви препорачувам да осознаете за да научите...
Афоризам by Васил Толевски
Поголемиот дел од народот е задоволен! Не е мала работа во оваква џунгла да се остане жив!?
Поголемиот дел од народот е задоволен! Не е мала работа во оваква џунгла да се остане жив!?
НетПрес видео
Држава
Валута
Куповен
Среден
Продажен
ЕМУ
EUR
61,19
61,49
61,8
В. Британија
GBP
75,53
75,91
76,29
Швајцарија
CHF
50,78
51,03
51,29
САД
USD
47,4
47,64
47,88
Маркетинг    Архива    За нас    Контакт   Rss
Вестите на интернет страницата на новинската агенција НЕТПРЕС може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од новинската интернет агенција НЕТПРЕС, или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите.
© Copyright Net Press 2012, Skopje, MACEDONIA
Правен застапник на Новинската интернет агенција Нетпрес е адвокатската канцеларија "Апостолски" од Скопје
тел./факс: +389 2 3110 617; +389 2 3109 684
www.apostolski.com.mk
developed by: web design studio: Meduim3