1/16/2018 8:25:04 AM
Почетна
Македонија
Политика
Економија
Крими хроника
Балкан
Свет
Живот
Анализи/Коментари/Ставови
Магазин
Секс
Спорт
верзија за мобилен уред
NetPress на Facebook

Бранко Црвенковски: Изборната победа на Груевски не ја стабилизираше Македонија

16.06.2008 - 11:51:37
Бранко Црвенковски: Изборната победа на Груевски не ја стабилизираше Македонија

Македонскиот претседател Бранко Црвенковски во интервју за БИРН вели дека ќе помогне во обновата на опозиционата СДСМ и предупредува на опасностите доколку земјата ги пропушти клучните рокови за интеграција во ЕУ и НАТО.

*Како гледате на изборната победа на ВМРО- ДПМНЕ?

Граѓаните  ја дадоа својата доверба  на Груевски и неговата коалиција, не врз основа  на остварените резултати туку врз основа  на создадената перцепција и надежи. Тука клучна  улога одигра  перманетнтната и агресивна  владина кампања која претставува напад на сите сетила на граѓаните. Проблемот со нереализираните очекувања  се решаваше со креирање нови, уште поголеми  надежи. Се разбира, тоа е процес кој не може долго да трае.
Мислам дека изборот на моментот за  одржување  на овие предвремени парламентарни избори беше направен врз оценките дека треба да се фати последниот  воз пред да  отпочне процесот  на разобличување на целата игра, пред да стане премногу видлива разликата меѓу виртуелното и реалното.
Искрено се надевам и посакувам новата Влада многу повеќе да се посвети на суштината отколку на креирањето  на позитивна медиумска перцепција за себе. Нема пропаганда која може бесконечно  долго да продава лош производ.

*Дали убедливата победа на ВМРО-ДПМНЕ ќе значи стабилизација на  меѓу-етничките прашања, економијата, решавање на отворените прашања на надворешно-политички план  како што се проблемот со името и признавање на Косово?

Самите избори не решија ниту еден од крупните проблеми, а заради лошите оценки за регуларноста на изборниот процес создадоа нови, со кои ќе мора да се справуваме долго време.
Ниту претходното парламентарно мнозинство беше толку слабо ниту опозиционите опструкции беа толку силни за  тука да ги бараме причините за застојот во процесот на Евро-атланските интеграции или нерешавањето на внатрешните проблеми на земјата. Главната одлика на претходната Влада беше одлагањето на решавањето на сите најважни проблеми со  што тие не само што  не исчезнуваа туку стануваа се потешки. Во секој случај одговорноста на Груевски после овие избори стана огромна. Тој од граѓаните побара и доби апсолутно мнозинство. Сега веќе нема никакви oправдувања, никакви објаснувања, никакви дежурни виновници.
 
*Зошто Социјал-Демократите чиј основач сте, поминаа толку лошо на изборите?

Во овие четири години се правеа постојани напори за целосен дисконтинуитет во однос на претходниот период на СДСМ. Ваквиот дисконтинуитет значеше откажување од еден цврсто изграден политички идентитет или бренд каков што СДСМ претставуваше со години без да се понуди нов. Тоа збуни многу членови и симпатизери. 
Исто така сметам дека имаше еден долг пасивен период на опозиционо дејствување на партијата кој претпоставувам се должеше на проценката дека времето по дефиниција работи за опозицијата. Тоа апсолутно не е точно. Во политиката просторот се освојува со перманентна работа, од ден во ден, од час во час. Конечно, внатрепартиските поделби и конфронтации кои често пати се одигруваа и на јавна сцена сигурно имаат свое сериозно влијание за ваквите состојби во партијата. Сосема е нормално во една голема политичка партија каква што е СДСМ да има различни струи и ставови, но еден од основните критериуми за успешно водство е сите тие групации да се обединат околу основните политички определби и заедничкиот успех на партијата.

* Дали лично ќе се ангажирате за санирање на состојбите во партијата?

Брзата консолидација на СДСМ е неопходна заради демократијата во Македонија. Без здрава и силна опозиција нема ниту одговорна власт. Подготвен сум да помогнам во тој процес, се разбира водејќи сметка за уставните ограничувања кои произлегуваат од функцијата Претседател на државата.
Голем дел од својот живот посветив на изградбата на СДСМ за да ми биде сеедно што се случува. Во демократијата е нормално да се губат избори, но партија како СДСМ не смее да биде понижена. Нејзините членови и симпатизери не смеат да одат со наведнати глави. Гордоста да се биде член на СДСМ мора да се врати.

*Изборите на први Јуни завршија со еден мртов и со сериозни нерегуларности. Кој според вас е одговорен за ова?
 
За жал ова беа најлошо организираните избори во Република Македонија. Вам ви е добро познато дека од страна на ВМРО-ДПМНЕ во изминатиов период беше оспоруван мојот избор во 2004та година, но сакам да потсетам дека тие избори во споредба со овие можеме да ги оцениме како скандинавски и со оценки од меѓународниот фактор кои денес можеме само да ги сонуваме. Ако Груевски и неговите структури ја следат истата логика ќе мора за себе да измислат многу понедостоинствен начин за ословување од оној што го користат за мене - “Господинот Црвенковски“.
Одговорноста за ваквите избори лежи и на политичките партии но и на државните институции пред се на МВР кои не само што  не делуваа превентивно  и  во согласност со законот туку дозволија преку свои припадници да бидат  инволвирани во предизвикувањето на инцидентите. Штетите  по угледот и меѓународната позиција се огромни и ќе ги чуствуваме уште долго време.

*Вие предупредивте дека Македонија е во опасност да ги пропушти клучните рокови ако оди на избори. НАТО рече дека земјава сеуште може да се приклучи заедно со Албанија и Хрватска доколку спорот со името се затвори до 9 јули. ЕУ постави осум услови кои мораа да се завршат летово за Македонија да ги почне преговорите за членство.

Останува прекраток период не само до 9-ти јули, туку и до финализирањето на годишниот извештај на Европската комисија за некаков оптимизам. За жал, моите стравувања кои и јавно ги изнесов пред Собранието кога се расправаше за иницијативата за предвремени избори се реализираа. Изгубивме драгоцен период исклучително важен за нашите Евро и Евроатлантски перспективи и посебно период во кој ја пропуштивме можноста за ефективно искористување на американската подготвеност за вклучување во процесот за изнаоѓање на фер и разумно решение за спорот.

*По фијаското на самитот во Букурешт и многуте најави дека преговорите за името ќе продолжат, на тој план не видовме многу напредок. Колку далеку е подготвена Македонија да оди за да постигне договор со Грција?
 
Само со повторување на заложбите дека сакаме да се реши прашањето проблемот нема да се реши. Мораме да разбереме дека и Република Македонија треба во новонастанатиот контекст сериозно да настапи во преговорите со Грција. Мислам дека на тој план неуспехот во Букурешт и соочувањето со таа реалност имаше силно влијание врз сите нас. Новата реалност значи потреба и Македонија да направи отстапки  од тн. двојна формула во преговорите ако сака да продолжи со процесот на евроатланските интеграции. Колкави и какви треба да бидат отстапките на двете страни во преговорите можат да решат само легитимните претставници на двете држави.

*Кои се црвените линии што Македонија не може да си дозволи да ги пречекори во преговорите?

Се обидов пред Букурешт и јавно да појаснам некои елементи на она што го нарекуваме наш национален и државен интерес затоа што таа категорија, низ многуте свои интерпретации, често добива сосема поинакво значење од она што објективно и припаѓа. Чувството за етничко припаѓање и лингвистичката посебност се две фундаментални одредници врз кои што почива една нација и компромис околу тие две категории едноставно не е возможен, затоа што никој не е овластен, ниту пак може да биде, да преговара за тоа кои сме и на каков јазик говориме. 

* Дали изборната победа на Груевски му остава простор лесно да обезбеди поддршка за евентуален компромис со Грција?

Сакам да потсетам дека и во изминатиот период Груевски не беше изложен од никого на силен притисок да не прави разумен компромис во спорот околу името. Ниту од опозицијата, ниту од медиумите, ниту од интелектуалната јавност. Сосема спротивно, тој беше повикуван на порационален пристап. Оттука, не очекувам изборниот резултат да има некое посериозно влијание на овој план.

*Дали поддршката за Груевски на изборите во голем дел се должи на неговиот тврд став околу името?

Ако ја анализираме неговата реторика и главните поенти во кампањата не мислам дека тоа може да се оквалификува како “тврд став“, туку како избегнување да се дефинира личниот став. Што беШе главната порака? Дека ќе има референдум. Но ниту тој ниту неговата партија нема да кажат сто мислат за прашањето за референдум. околу предлогот,Тој сака да избегне одговорност и да им ја препушти на граѓаните. Тоа не е тврд став. Тврд став е кога ќе изјавите нешто и кога ќе застанете зад тоа.
 
*Значи ли тоа дека мислите дека референдум ќе има, но дека владата нема да го изнесе својот став?

Прво, силно мнозинство во парламентот нема да го направи поразумен или рационален во целата ситуација. Второ, референдумот е нешто за што воопшто не сака да размислува и тоа јасно го стави на знаење во кампањата. Тој не вели дека сака неговите предлози да се потврдат на референдум.  Туку вели - каков и да е предлогот, ќе го стави на референдум и нема да влијае на изјаснувањето на граѓаните. Тоа ќе биде ретка ситуација каде што власта распишува референдум, бара од граѓаните да се изјаснат а притоа самиот премиер или влада нема став. Тоа е бегање од договорноста да се донесе одлука.
Ако се повикуваме на референдумот како најдемократска форма на изјаснување тогаш ајде да видиме што се случува со референдумот во многу по демократски држави од нас. Референдумското изјаснување во земји со многу долга демократска традиција понекогаш води кон опасност, да не зборуваме за Македонија во ситуација кога има многу емоции околу тоа прашање, име, идентитет, сложена етничка структура, со повеќе од 20 посто Албанско етничко население, и уште десет посто други, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци... и притоа власта нема став.


*Дали Македонија треба да продолжи да ги води преговорите околу името како досега или има потреба од нова стратегија?

Во интерес на Република Македонија е да продолжи да преговара со Република Грција во рамките на процесот под покровителство на ОН, но при тоа ние ќе мораме  да ја адаптираме својата стратегија на новонастанатите услови. Едноставно, ниту политичкиот, ниту регионалниот стратешки контекст во последните месеци на Балканот не е истиот од порано.
Косовските институции ја донесоа Декларацијата за независност во февруари оваа година, а во април, во Букурешт, Хрватска и Албанија добија покана за НАТО, но, Република Македонија - не. Само наивните во политиката можат да мислат дека се работи за тековни случувања кои немаат никакво влијание врз трендовите кои ја диктираат регионалната динамика. 

*Кои се ризиците за Македонија ако се одложи влегувањето во ЕУ и НАТО?

Не е исто дали Македонија ќе влезе во НАТО и ЕУ сега, за 5, за 10 или 15 години. Во меѓувреме се случуваат многу работи. Ние веќе сега имаме нова реалност на Балканот. Косово станува независна држава. Албанија е веќе во НАТО. Дури има анализи кои велат дека има шанси Албанија да стане пред нас членка и на ЕУ. Сега тука се отвараат нови круцијални прашања кои што мислевме дека биле затворени како прашањето околу лојалноста на Албанците кон државата.

*Мислите на “голема“ Албанија?

Идеите за “големи“ држави, како “голема Албанија“, никогаш не умираат. Илузија е да очекуваме дека таквите радикални опции ќе ги снема и никогаш нема повторно да се појават. Целата работа е во едно организирано и успешно општество кое радикалните опции ги држи маргинализирани. Да не бидат клучните фактори. Ризикот не е во тоа дали такви ќе се појават, тиер се веќе присутни, туку дали нивната моќ, или поддршката на нивните залагања ќе стане поголема.
Развојот на настаните на Косово е проблематичен. Таму сега на терен ни се случува “мека“ поделба. Во северниот дел каде има српско население Приштина не може да ја имплементира својата власт.
Поделба на Косово по етничка линија би значело токму мотивирање на такви размислувања. Ако Косово може да се дели на так начин, зошто би било различно да во Македонија, Црна Гора, јужна Србија? Значи тоа ги отвара сите други прашања. Самите Косовари, или некои од нив може да помислат дека ако таму заради етничката структура губат дел од територијата, имаат право на компензација на друго место.

*Признавањето на Косово од страна на Македонија останува отворено прашање?

Очекувам дека една од првите задачи на новата Влада ке биде градењето на став во однос на статусот на Косово. Притоа мора да се тргне од сопствените државни интереси но како земја - кандидат за членство и од позициите на повеќето членови на НАТО алијансата и Европската Унија.

автор: Нетпрес
Македонците, заедно со Русите и Украинците, најчести посетители и потрошувачи во Солун
10. 12.2013 - 16:01:32
категорија: МАКЕДОНИЈА
Училишно советувања за ученици кои имаат многу изостанoци или слаб успех
10. 12.2013 - 14:13:04
категорија: МАКЕДОНИЈА
ВИДЕО: „Прекрасна Македонија“ сведок за природните убавини, богатата традиција и историја
10. 12.2013 - 13:50:48
категорија: МАКЕДОНИЈА
Груевски: Евроинтеграцијата најважен национален приоритет и стратешка цел на Македонија
10. 12.2013 - 13:01:54
категорија: МАКЕДОНИЈА
Студено и суво време до четврток, потоа благ пораст на температурите
10. 12.2013 - 12:58:43
категорија: МАКЕДОНИЈА
Може ли Солунското пристаниште без македонските компании?
10. 12.2013 - 12:40:04
категорија: МАКЕДОНИЈА
Археолошки истражувања на неолитската населба Кременица во преспанскиот регион
10. 12.2013 - 12:30:58
категорија: МАКЕДОНИЈА
Започна новогодишното украсување на Кисела Вода
10. 12.2013 - 11:22:14
категорија: МАКЕДОНИЈА
Владата ќе постави црвен тепих за граѓаните
10. 12.2013 - 09:51:03
категорија: МАКЕДОНИЈА
ОМД: Се’ уште се кршат човековите права на Македонците
10. 12.2013 - 09:09:31
категорија: МАКЕДОНИЈА
Силен земјотрес го потресе Валандово
10. 12.2013 - 08:38:21
категорија: МАКЕДОНИЈА
Ставрески на средби со бизнимените од Струмица и Радовиш
10. 12.2013 - 08:23:44
категорија: МАКЕДОНИЈА
Трајановски на средба со градоначалникот на Солун
10. 12.2013 - 08:21:07
категорија: МАКЕДОНИЈА
Дожд и снег денеска, температурата до деветиот степен
10. 12.2013 - 08:13:50
категорија: МАКЕДОНИЈА
Тековен сообраќај по суви коловози
10. 12.2013 - 08:12:06
категорија: МАКЕДОНИЈА
УНЕСКО во проверка на заштитата на природното и културното богатство во Охрид
09. 12.2013 - 21:38:59
категорија: МАКЕДОНИЈА
Возете внимателно! Можна е појава на голомразица
09. 12.2013 - 18:30:31
категорија: МАКЕДОНИЈА
Македонија доби позитивни оценки од Светска банка: Прва во регионот и брзо напредува
09. 12.2013 - 14:49:36
категорија: МАКЕДОНИЈА
Следната година има 27 неработни денови
09. 12.2013 - 14:23:05
категорија: МАКЕДОНИЈА
При крај е изградбата на паркинг кај манастирот „Свети Пантелејмон”
09. 12.2013 - 13:25:28
категорија: МАКЕДОНИЈА
Груевски се сретна со Херман ван Ромпуј: Ја претставивме вистинската слика за Македонија
09. 12.2013 - 13:00:48
категорија: МАКЕДОНИЈА
Дипломатските активности на премиерот Груевски ги загрижуваат Грците
09. 12.2013 - 12:24:16
категорија: МАКЕДОНИЈА
Врачени највисоките општински награди и признанија на Охрид
09. 12.2013 - 11:57:23
категорија: МАКЕДОНИЈА
Порталите блиски до опозицијата веќе не знаат што прават!
09. 12.2013 - 11:50:11
категорија: МАКЕДОНИЈА
Се вчитува...
Архива
Тема на денот
Најнови вести денес
Најчитани вести
Колумна
Напаѓачите на споменикот на цар Душан се со заробени умови
08. 12.2013 - 09:12:10
Ало, „Разбуди се“, ш’о правиме сега, ги разбудивте фашистите! А вам топло ви препорачувам да осознаете за да научите...
Афоризам by Васил Толевски
Поголемиот дел од народот е задоволен! Не е мала работа во оваква џунгла да се остане жив!?
Поголемиот дел од народот е задоволен! Не е мала работа во оваква џунгла да се остане жив!?
НетПрес видео
Држава
Валута
Куповен
Среден
Продажен
ЕМУ
EUR
61,19
61,49
61,8
В. Британија
GBP
75,53
75,91
76,29
Швајцарија
CHF
50,78
51,03
51,29
САД
USD
47,4
47,64
47,88
Маркетинг    Архива    За нас    Контакт   Rss
Вестите на интернет страницата на новинската агенција НЕТПРЕС може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од новинската интернет агенција НЕТПРЕС, или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите.
© Copyright Net Press 2012, Skopje, MACEDONIA
Правен застапник на Новинската интернет агенција Нетпрес е адвокатската канцеларија "Апостолски" од Скопје
тел./факс: +389 2 3110 617; +389 2 3109 684
www.apostolski.com.mk
developed by: web design studio: Meduim3