4/25/2017 2:34:15 PM
Почетна
Македонија
Политика
Економија
Крими хроника
Балкан
Свет
Живот
Анализи/Коментари/Ставови
Магазин
Секс
Спорт
верзија за мобилен уред
NetPress на Facebook

Приказни од македонските судници: Карање, гризење и пензионерски разводи

10.12.2013 - 12:40:33
Приказни од македонските судници: Карање, гризење и пензионерски разводи
Кавги, закани, бизарни причини, по некоја тепачка, љубоморни сопруги се секојдневние на вработените во судовите во Скопје. Тие ни раскажаа некои приказни, смешни и необични, како водење инает на соседот, кавга за три круши и развод поради танга гаќички.

За инает на снаата!

Жена во постари години, дошла во судот, поднела молба за издавање на потврда за неосудуваност.  На прашањето од вработените, за што и е потребна, таа кратко и јасно одговорила „За инает на снаата“.  Тогаш таа им раскажала дека отсекогаш сакала нејзината внука да и го носи името, Трпана. Ама снаата не сакала да и ја исполни желбата, но тврдоглавата свекрва била решена дека таа и нејзината внука ќе носат исто име.

Но, снаата и рекла дека тоа е невозможно бидејќи веќе си ја крстила ќерката Марија.

Тогаш баба Трпана нашла начин да си ја исполни желбата. 

На првиот ден од роденденот на внуката таа се појавила со нов извод и нова лична карта на името Марија, па така таа и внуката имале исто име, како што таа си сакала, а снаата кога видела, според зборовите на бабата, паднала во несвест.

Бракоразводните парници се најинтересни!!!

Според вработените, во македонските судници најинтересни се бракоразводните парници. Тие велат нема ден да не се случи некоја „глупост“.


Гризнат од жена која се разведува

Еден од нив ни раскажа како бил гризнат од гневна жена која се разведувала. 

Полицајците вработени во судот патролираат низ ходниците во случај да не се случи некој инцидент за време на парниците. Судиите имаат тајно копче со кое го алармираат обезбедувањето дека им е потребно во судницата.

Така, еден од полицајците во судот бил повикан од судија, жената која се разведувала беснеела. Полицаецот и пришол и ја фатил за рамото. Одеднаш жената се свртила, уште погневна, и го гризнала полицацот за раката. Тој вели дека дури и крв му потекло. Потоа ги повикал колегите, па дури тројца биле потребни да ја совладаат. Ја фатиле за раце и нозе и едвај ја изнеле надвор од судницата.

Вазната е доказ

Согласно законските безбедносни мерки, пред да се влезе во судница сите посетители мора да поминат низ рентген, да се провери што носат. Вработените велат дека многу често се случува жените во својата чанта да носат нож или солзавец. Кај една дури бил пронајден и електричен пиштол - шокер. Можеби се чувствуваат болно и напуштено, па мало ладно оружје им нуди некоја сигурност за време на бракоразводната постапка, сметаат вработените во судот.

Но, од сите такви мали инциденти најголем впечаток им оставила една двојка која донела мошне необичен доказ.

Пред рентегнот тие застанале со голема вазна, а кога ги прашале што тоа, тие мртви ладни рекле: доказот.  Двојката била речиси при крај од постапката за прекинување на бракот, проблем била само дотичната вазна. Жената велела дека таа е подарок од нејзиниот вујко, кој им ја донел од Франција, додека пак мажот твредел дека е од Кина и дека ја донела мајка му. Бидејќи тие не можеле да се одлучат, вазната, како клучен доказ, ја донеле во судница.

Судијата одлучил дека вазната е сепак од Франција и дека е на жената. Но, тука не завршило се’, таа му барала пари, како оштета за вазната, која за малку ќе ја скршел. На крај, велат вработените во судницата, тој и рекол „Носи се и ти, и ти вазната“.

Се разведува од мене, нека пукне од мака колку сум згодна

Често жените знаат да дојдат во судница како штотуку да се симнале од модна писта, со високи потпетици, јака шминка, добра фризура, многу куси здолништа и деколтеа.

Еден од вработените се сеќава на една жена, доаѓала на последното рочиште. Бидејќи веќе неколку пати се виделе во претходните месеци, последниот пат речиси не ја препознал. Таа била дотерана, убаво нашмикана, косата средена, вели како манекенка, а кога тој ја прашал зошто толку се средила, таа гордо му рекла:

„Нека пукне мака, тој од мене нашол да се разведува“. 


Недоволно солен ручек и танга – причина за развод

Вработените во судот велат дека бројот на разводи е најголем пред новогодишните празници и за време на летните одмори, очигледно причината се парите. Но, не секогаш финансиите се главна причина за крај на една љубов.

Тие се сеќаваат на две интересни, сосема неразумни прични за прекин на долгогодишен брак.

Еден маж побарал развод од сопруга бидејќи таа не ставала доволно сол во јадењата кои ги готвела. Кога судијата го прашал, па зошто едноставно не си додадеш сол, тој му рекол дека вкусот не е ист.

Една од причните за развод на двојка која повеќе од 20 години била во брак се танга гаќички. Сопругот дури и донел танга гаќички во судницата, како што е ред да приложи доказ.

„За швалерот облекува танга, а за мене 20 години не облекла“, рекол гневниот маж, кој повеќе бил лут што сопругата не го почестила со провокативна долна облека, отколку што го изневерувала.


Славење на разводот со зурли и тапани

Еден од вработените ни раскажа за еден траги-комичен инцидент за време на бракоразводна постапка.
За време на судењето на мажот му се слошило, почнал да се држи за срце, мислиш ќе умира, вели вработениот во судот.

Излегле надвор, тој легнал на подот од ходникот. Се собрал народ околу него. Тогаш сопругата се сожалила, па му рекла, добро, ќе пробаме уште еднаш, нема да се разведеме.

Во тој миг пришол еден маж кој му се обратил на тој што се разведува.

„Абе будала, болен ќе лежиш. Јас кога се разведов тапани викав дома. Славев со другарите, исто ко веридба, само без невеста, славев што се спасив од неа“.

Смирување за време на парница

Но, не сите парници завршуваат со развод. Се случува често за време на бракоразводната постапка двојката да се смири и да се откаже од прекинување на бракот.

Ни раскажуваат за една двојка, која дури четири пати се разведувала и смирувала. Можеби треба и попуст да им дадат, на три разводи, еден гратис. 

Тепачки, пцовки и навреди

Вработените во судот велат дека ниту една бракоразводна постапка не поминува без пцовки, навреди, закани, а има и тепачки.

Тие раскажуваат за една двојка која имала бурен развод. За време на една парница сочните навреди и заканите ги замениле со фрлање на пенкала, моливи, тефтери и се’ што имало пред нив на масите.  Тогаш судија ги казнил и двајцата со по 500 евра.

Често се случува мажот откако ќе се разведат да ја чека жената пред судот. Полицијата неколку пати интервенирала во такви случаи, а за да се избегнат непријатни инциденти, жените по разводот ги изнесуваат преку друга врата или со специјални возила.

Понекогаш и љубовниците чекаат пред судот, па имало случаи кога се сретнале, па си размениле по неколку боксови, а жените се фатиле за коси.

Бесплатните автобуси ги разведоа пензионерите

Кој вели дека на стари години не може да се доживее страст и љубов на прв поглед. Според приказните од судниците, во последно време е зголемен бројот на разводи меѓу пензионери.

Пензионерите порано почесто си седеа дома, но во последниве години откако се воведе бесплатниот превоз и бањите, тие почесто шетаат, па се раѓа нова љубов на стари години.

Често се случува постари мажи, накај 80 години, да побараат развод за да се оженат со жената која ја запознале во автобус.


Според вработените, еден од пензионерите искоментирал:

„Фала му на Господ што ни даде Владата бесплатен превоз иначе уште ќе ја трпев онаа“. 

Годишно по 2-3 умираат во судница

Физичките делби на имот се едни од најтешките за семејствата. На овие паѓаат тешки кавги, закани по живот, семејства се раскаруваат и не прозборуваат. 

Но, овие парници се најтешки за старите лица. Бидејќи традиционално се чека пред смрт за да се подели семејниот имот, често, на постарите, од стресот доживеан за време на парница, откако ќе ја напуштат судницата им се влошува здравјето. Многупати починале на прагот на судницата. Оттаму велат годишно по двајца-тројца умираат. 


Најголеми кавагаџии за време на физичките делби, според вработените во судот, се жителите од Скопска Црна Гора. Според нив тие се караат и за десет сентиметри, за половина круша, за ограда, и се’ прават за инает на соседот или братот.

Со дрвена бомба избегал од судница

Арамиите знаат да бидат креативни во обид да избегнат казна. 

Според приказните од македонските судници, еден арамија осомничен за тешка кражба додека бил во притвор успеал од парче дрво да изделка бомба.

За време на судењето тој ја фрлил дрвената бомба и настанала вистинска паника. Вработениот раскажува, бидејќи судницата била на приземје во поранешните бараки, судијата и поротниците скокнале преку прозорците надвор.

И осомничениот успеал да избега, но по само 200 метри бил фатен и вратен назад, со плус уште едно обвинение против него.
автор: Нетпрес/ Ивана Јариќ
Приказни од македонските судници: Карање, гризење и пензионерски разводи
10. 12.2013 - 12:40:33
категорија: ТЕМА НА ДЕНОТ
Свети Климент Охридски Чудотворец , заштитник на градот Охрид и ученик на македонските просветители
08. 12.2013 - 13:25:42
категорија: ТЕМА НА ДЕНОТ
Нелсон Мандела – борец против апартхејдот и татко на модерната Јужна Африка
06. 12.2013 - 09:13:42
категорија: ТЕМА НА ДЕНОТ
Загрижувачки бројки во Македонија: Жртвите на педофилија се’ почести, возраста се’ помала
04. 12.2013 - 13:06:37
категорија: ТЕМА НА ДЕНОТ
Цената на акциите на Фершпед се вивна до плафон, ќе има ли ново раководство?
03. 12.2013 - 15:05:16
категорија: ТЕМА НА ДЕНОТ
Трет старт на судскиот процес за петкратното убиство кај Смиљковското езеро
29. 11.2013 - 10:58:28
категорија: ТЕМА НА ДЕНОТ
Македонија лани заработила 14 милиони долари од извоз на билки
28. 11.2013 - 12:37:34
категорија: ТЕМА НА ДЕНОТ
Колку е паметно да потрошите милиони на уметност?
26. 11.2013 - 10:29:14
категорија: ТЕМА НА ДЕНОТ
Автомобили стари над една деценија „царуваат“ по македонските патишта
25. 11.2013 - 12:36:01
категорија: ТЕМА НА ДЕНОТ
Шиповиќ екстрадиран, во очекување на уште две големи екстрадиции
22. 11.2013 - 10:57:59
категорија: ТЕМА НА ДЕНОТ
ФОТО/ВИДЕО: Половина век мистерија, половина век од убиството на Кенеди
21. 11.2013 - 11:42:02
категорија: ТЕМА НА ДЕНОТ
„Гугл“ е виновен за нашата слаба меморија
20. 11.2013 - 09:40:03
категорија: ТЕМА НА ДЕНОТ
Градежништвото моторна сила на економскиот раст
19. 11.2013 - 09:56:35
категорија: ТЕМА НА ДЕНОТ
Внимавајте на вашите податоци: Виртуелните крадци се’ почести на социјалните мрежи
18. 11.2013 - 11:56:25
категорија: ТЕМА НА ДЕНОТ
Сериозна криза во Европа: Се продлабочува јазот меѓу богатите и сиромашните
14. 11.2013 - 09:44:23
категорија: ТЕМА НА ДЕНОТ
Членувањето во Советот за човекови права: Одговорност и привилегија
13. 11.2013 - 12:58:03
категорија: ТЕМА НА ДЕНОТ
Човекот и бурите
12. 11.2013 - 13:35:03
категорија: ТЕМА НА ДЕНОТ
Македонците се’ позависни од Интернет
11. 11.2013 - 13:20:56
категорија: ТЕМА НА ДЕНОТ
Загадувањето го загрозува здравјето на 200 милиони луѓе
07. 11.2013 - 09:42:30
категорија: ТЕМА НА ДЕНОТ
Депресија: Втората најголема причина за попреченост во развојот на луѓето во светот
06. 11.2013 - 10:27:26
категорија: ТЕМА НА ДЕНОТ
Учете од милионерите: 10-те навики на најбогатите луѓе во светот
04. 11.2013 - 10:41:19
категорија: ТЕМА НА ДЕНОТ
Македонците сакаат добри зделки, страниците со попусти се хит
30. 10.2013 - 14:12:23
категорија: ТЕМА НА ДЕНОТ
Зошто светот се’ повеќе старее?
29. 10.2013 - 10:08:09
категорија: ТЕМА НА ДЕНОТ
Зголемени девизни резерви, помал трговски дефицит и раст на економијата
28. 10.2013 - 09:13:58
категорија: ТЕМА НА ДЕНОТ
Се вчитува...
Архива
Тема на денот
Најнови вести денес
Најчитани вести
Колумна
Напаѓачите на споменикот на цар Душан се со заробени умови
08. 12.2013 - 09:12:10
Ало, „Разбуди се“, ш’о правиме сега, ги разбудивте фашистите! А вам топло ви препорачувам да осознаете за да научите...
Афоризам by Васил Толевски
Поголемиот дел од народот е задоволен! Не е мала работа во оваква џунгла да се остане жив!?
Поголемиот дел од народот е задоволен! Не е мала работа во оваква џунгла да се остане жив!?
НетПрес видео
Држава
Валута
Куповен
Среден
Продажен
ЕМУ
EUR
61,19
61,49
61,8
В. Британија
GBP
75,53
75,91
76,29
Швајцарија
CHF
50,78
51,03
51,29
САД
USD
47,4
47,64
47,88
Маркетинг    Архива    За нас    Контакт   Rss
Вестите на интернет страницата на новинската агенција НЕТПРЕС може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од новинската интернет агенција НЕТПРЕС, или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите.
© Copyright Net Press 2012, Skopje, MACEDONIA
Правен застапник на Новинската интернет агенција Нетпрес е адвокатската канцеларија "Апостолски" од Скопје
тел./факс: +389 2 3110 617; +389 2 3109 684
www.apostolski.com.mk
developed by: web design studio: Meduim3