4/25/2017 2:32:32 PM
Почетна
Македонија
Политика
Економија
Крими хроника
Балкан
Свет
Живот
Анализи/Коментари/Ставови
Магазин
Секс
Спорт
верзија за мобилен уред
NetPress на Facebook

АНАЛИЗА: ЕУ – кошмар за едни, сон за други

10.12.2013 - 10:35:20
АНАЛИЗА: ЕУ – кошмар за едни, сон за други
Европската Унија, иако се помалку и помалку е сакана од сопствените земји – членки, продолжува да биде привлечна поради демократските вредности и стандарди за живот. 

Јасен пример за последното се демонстрациите против власта во Киев, пишува Франс прес во својата анализа околу последните случувања во Украина и ЕУ.

Откако украинските власти објавија дека нема да го потпишат договорот за асоцијација, за што се преговараше со години со Брисел, опозицијата излезе на улиците со европски знамиња, за да побара продолжување на приближувањето кон ЕУ и дури оставка на претседателот Виктор Јанукович, кој се најде под притисок од Русија.

„Овие демонстрации ’покажуваат’ дека срцето на украинскиот народ бие за Европа“, соопшти на почетокот на минатата недела германската влада.

Во Украина луѓето „го чувствуваат притисокот на Русија, сакаат да избегнат враќање назад кон еден стил на доминација сличен на советскиот“, смета Стивен Блокманс од Центарот за европски политички истражувања. 

За голем дел од населението тоа е „одлучувачки момент“ за иднината на земјата.

Тие не можат повеќе да поднесат „авторитарна власт, посткомунистички менталитет, политизирано судство и економски пад“, тврди европскиот дипломат.

Договорот за асоцијација за нив е „симбол“, „клуч, кој што ќе им ги отвори вратите на Европа“.

Покрај потешкотиите на интеграцијата проевропскиот сентимент останува силен и на Балканот, кој што исто така се ослободи од комунизмот, пред да западне во војна во 90-тите години. Овие земји претставуваат „се’ уште многу жив споменик за конфликтите и бараат стабилност и единствен пат им е европскиот проект“, истакнува Блокманс.

Според него, овие земји чукаат на портите на ЕУ неколку години, а Србија во следните неколку недели очекува официјално почнување на преговорите за прием во ЕУ.

Назад во повеќето земји членки на ЕУ и најмногу во оние кои беа најлошо погодени од кризата, поддршката за европската конструкција во последните години значително опадна и ги зголемува стравувањата од победа на евроскептичните партии на престојните европски избори. 

Европјаните од Запад, кои живеат во демократии и отворени економии речиси 70 години, сметаат, дека овие слободи се подразбираат.

„Тоа што ги воодушевува соседите од Истокот, нив ги остава рамнодушни“, нагласува Јан Техау од центарот „Карнеги Европа“.

Но, привлечната сила на Европа носи и закана од неуспех. Последните проширувања значително допринесоа за тоа луѓето да се одвратат од ЕУ, смета експертот. 

За Техау причините се многу, во очите на многу граѓани земјите од Истокот и Балканите изгледаат подалечни од срцето на Европа, кризата го поткрепи чувството за повлекување, дури и за отфрлање, проширувањето лесно се врзува со идејата за глобализација, која е далеку од тоа да ужива популарност, тоа дополнително предизвика чувство за распад и ослабување. 

Толку многу се причините, кои го објаснуваат растечкото противење на јавното мислење и на европските лидери во прифаќањето на нови членки. Според истражувањето на јавното мислење на „Евробарометар“, објавено пролетта, 52 отсто од Европјаните се против какво и да е проширување.

По падот на Железната завеса Европјаните им предложија перспектива за присоединување на поранешните комунистички држави од Истокот, кои беа ефективно интегрирани во ЕУ десетина години подоцна, откако ги исполнија политичките и економски услови, наложени од ЕУ, потсетува Франс прес.

Но, поради стравот од „полскиот водоводџија“ во дебатата за работниците кои дојдоа од Истокот во срцето на европското општество јавното мислење настапи со извесна недоверба. Се разбира, Хрватите влегоа во Унијата на први јули, но севкупниот моментум за проширувањето сега изгледа достигна мртва точка.

Процесот со земјите од Балканот напредува со брзина на желка, да не зборуваме за преговорите со Турција, кои генерално се стопирани, се наведува во анализата.

Што се однесува на поранешните советски републики, со исклучоок на трите мали балтички земји кои успеа да влезат во ЕУ во 2004 година, Европјаните и никогаш не им ја понудија европската перспектива.
автор: Нетпрес
АНАЛИЗА: ЕУ – кошмар за едни, сон за други
10. 12.2013 - 10:35:20
категорија: АНАЛИЗИ/КОМЕНТАРИ/СТАВОВИ
АНАЛИЗА: Се’ потешко е да работиш во Европа
29. 11.2013 - 14:00:31
категорија: АНАЛИЗИ/КОМЕНТАРИ/СТАВОВИ
АНАЛИЗА: Стравувањата на Турција
26. 11.2013 - 15:57:40
категорија: АНАЛИЗИ/КОМЕНТАРИ/СТАВОВИ
Анализа: Сирија – полигон за обука на терористи
25. 11.2013 - 15:22:36
категорија: АНАЛИЗИ/КОМЕНТАРИ/СТАВОВИ
АНАЛИЗА: Кризата во ЕУ не си замина, само е на пауза
20. 11.2013 - 10:45:57
категорија: АНАЛИЗИ/КОМЕНТАРИ/СТАВОВИ
Анализа: Хуманитарна помош за регионите опустошени од тајфунот на Филипини
11. 11.2013 - 15:21:05
категорија: АНАЛИЗИ/КОМЕНТАРИ/СТАВОВИ
Анализа: Ирска може да излезе од програмата за помош
08. 11.2013 - 15:45:10
категорија: АНАЛИЗИ/КОМЕНТАРИ/СТАВОВИ
АНАЛИЗА: Што се крие зад посетата на Кери на Египет?
04. 11.2013 - 15:28:53
категорија: АНАЛИЗИ/КОМЕНТАРИ/СТАВОВИ
АНАЛИЗА: САД се обидуваат да го смират гневот на европјаните
29. 10.2013 - 15:30:03
категорија: АНАЛИЗИ/КОМЕНТАРИ/СТАВОВИ
Анализа: Европа обземена од ромофобија
25. 10.2013 - 15:01:47
категорија: АНАЛИЗИ/КОМЕНТАРИ/СТАВОВИ
Анализа: „Дивиот Исток“ на Европската Унија
24. 10.2013 - 13:35:52
категорија: АНАЛИЗИ/КОМЕНТАРИ/СТАВОВИ
СДСМ со стратегија на одвојување на десните партии од коалицијата
16. 10.2013 - 10:29:53
категорија: АНАЛИЗИ/КОМЕНТАРИ/СТАВОВИ
СДСМ сака моќ без избори
12. 10.2013 - 14:36:28
категорија: АНАЛИЗИ/КОМЕНТАРИ/СТАВОВИ
АНАЛИЗА: Меркел подготвена да го облече зеленото палто
10. 10.2013 - 10:38:37
категорија: АНАЛИЗИ/КОМЕНТАРИ/СТАВОВИ
АНАЛИЗА: Нова норма во американската политика?
09. 10.2013 - 12:00:42
категорија: АНАЛИЗИ/КОМЕНТАРИ/СТАВОВИ
АНАЛИЗА: Чекор кон распуштање на „Златна зора“
04. 10.2013 - 13:24:55
категорија: АНАЛИЗИ/КОМЕНТАРИ/СТАВОВИ
АНАЛИЗА: Решавачки реформи во Турција
03. 10.2013 - 15:52:58
категорија: АНАЛИЗИ/КОМЕНТАРИ/СТАВОВИ
Како дојде до фискална блокада на САД?
01. 10.2013 - 15:11:54
категорија: АНАЛИЗИ/КОМЕНТАРИ/СТАВОВИ
Анализа: Конзервативците на Меркел и’ се додворуваат на опозицијата
26. 09.2013 - 15:21:20
категорија: АНАЛИЗИ/КОМЕНТАРИ/СТАВОВИ
Анализа: Федералната република на Ангела Меркел
23. 09.2013 - 14:48:09
категорија: АНАЛИЗИ/КОМЕНТАРИ/СТАВОВИ
Сведоштвата за блудот на Фуере
14. 09.2013 - 12:45:11
категорија: АНАЛИЗИ/КОМЕНТАРИ/СТАВОВИ
Наивна ли е идејата за дипломатско решение во Сирија?
11. 09.2013 - 11:33:30
категорија: АНАЛИЗИ/КОМЕНТАРИ/СТАВОВИ
АНАЛИЗА: Поделбите во Г20
05. 09.2013 - 12:09:03
категорија: АНАЛИЗИ/КОМЕНТАРИ/СТАВОВИ
Анализа: Дебата за Сирија: Да се бомбардира или не?
02. 09.2013 - 11:58:24
категорија: АНАЛИЗИ/КОМЕНТАРИ/СТАВОВИ
Се вчитува...
Архива
Тема на денот
Најнови вести денес
Најчитани вести
Колумна
Напаѓачите на споменикот на цар Душан се со заробени умови
08. 12.2013 - 09:12:10
Ало, „Разбуди се“, ш’о правиме сега, ги разбудивте фашистите! А вам топло ви препорачувам да осознаете за да научите...
Афоризам by Васил Толевски
Поголемиот дел од народот е задоволен! Не е мала работа во оваква џунгла да се остане жив!?
Поголемиот дел од народот е задоволен! Не е мала работа во оваква џунгла да се остане жив!?
НетПрес видео
Држава
Валута
Куповен
Среден
Продажен
ЕМУ
EUR
61,19
61,49
61,8
В. Британија
GBP
75,53
75,91
76,29
Швајцарија
CHF
50,78
51,03
51,29
САД
USD
47,4
47,64
47,88
Маркетинг    Архива    За нас    Контакт   Rss
Вестите на интернет страницата на новинската агенција НЕТПРЕС може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од новинската интернет агенција НЕТПРЕС, или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите.
© Copyright Net Press 2012, Skopje, MACEDONIA
Правен застапник на Новинската интернет агенција Нетпрес е адвокатската канцеларија "Апостолски" од Скопје
тел./факс: +389 2 3110 617; +389 2 3109 684
www.apostolski.com.mk
developed by: web design studio: Meduim3