12/15/2017 1:23:22 AM
Почетна
Македонија
Политика
Економија
Крими хроника
Балкан
Свет
Живот
Анализи/Коментари/Ставови
Магазин
Секс
Спорт
верзија за мобилен уред
NetPress на Facebook

Едно лице купува и по четири стана во висококатниците „Џевахир скај сити“

10.12.2013 - 09:52:40
Едно лице купува и по четири стана во висококатниците „Џевахир скај сити“
Над 40 стана се продадени во двете висококатници „Џеваир скај сити“, кои се градат во Аеродром, за еден месец, откако почна продажбата, информираат од компанијата „Џеваир холдинг“. Купувачите се од Македонија и од Турција. Најскапите станови на највисоките катови се' уште не се продадени, иако има голем интерес и за нив, пишува „Дневник“.

„За 15 дена ќе ги потпишеме првите 40 договори за продажба на станови во „Скај сити“. Има случаи кога еден купувач ќе купи и по четири стана одеднаш, затоа што сакаат да инвестираат во недвижен имот. Околу 200 луѓе веќе дојдоа и се распрашуваа за становите во двете згради. Најчести купувачи се Македонци што работат во странство, а има купувачи што се родени во Македонија, а живеат во Турција“, вели, за весникот, Ејуп Учак, директор за надворешни и за односи со јавноста во „Џеваир холдинг“.

Продадените станови се со различна големина и со различна цена, која во зависност од катот и од положбата на станот се движит од 1.100 до 2.400 евра за квадратен метар. Цената на шесте стана на двата последни ката во 40-катниците изнесува 3.000 евра за квадратен метар.

„Разговаравме со тројца купувачи што се интересираа за највисоките станови, но засега нема најава за склучување договор, вели Учак, за „Дневник“.

Во резиденцијалниот комплекс стан посакале и познати личности од јавниот живот, но од компанијата не сакаа да ги откријат нивните имиња. Учак вели дека се задоволни од интересот и од текот на продажбата.

„Не очекувавме толку голем интерес за купување на становите. Доаѓаат купувачи и од други градови во Македонија - од Прилеп, Охрид и од Битола, но не можеме да очекуваме дека брзо ќе се одлучат. Ако и натаму се одвива како досега, се надеваме дека за една година ќе се продадат сите станови во двете згради. Се' е направено квалитетно, а комплексот има и убаво име“, изјави Учак, за „Дневник“. 

Во двете згради се нудат вкупно 688 стана со различна квадратура - од 50, 60, 75 и 110 квадратни метри, опремени со бањи и кујни. Заинтересираните во изложбениот салон можат да видат два прототипа на станови, кои се направени исто како становите во зградите. 

Сопствениците ќе се вселат во декември 2015 година, кога е планирано да заврши изградбата на првите две од предвидените четири кули. Третата и четвртата кула се почнати и треба да бидат готови до 2017 година.

Четирите кули имаат вкупно 1.376 стана, во секоја има по 334 стана, а комплекост има капацитет за 4.000 жители. Висококатниците се високи 136 метри и ќе имаат по 40 ката. Инвестицијата е вредна 300 милиони евра.
автор: Нетпрес
Владина делегација на инвестициски форум во Милано
10. 12.2013 - 15:12:12
категорија: ЕКОНОМИЈА
Намален откупот и продажбата на земјоделски производи во октомври
10. 12.2013 - 12:51:14
категорија: ЕКОНОМИЈА
Пониски трошоците за живот во ноември
10. 12.2013 - 12:44:05
категорија: ЕКОНОМИЈА
Избрани останатите членовина БД и потпретседатели на BEREC
10. 12.2013 - 12:09:52
категорија: ЕКОНОМИЈА
Италијанската „Дф Лабс“, заинтересирана за инвестирање во Македонија, се запознава со капацитетите
10. 12.2013 - 11:40:32
категорија: ЕКОНОМИЈА
Комплетен пакет од „Близу“ за новогодишните празници
10. 12.2013 - 11:27:37
категорија: ЕКОНОМИЈА
Едно лице купува и по четири стана во висококатниците „Џевахир скај сити“
10. 12.2013 - 09:52:40
категорија: ЕКОНОМИЈА
Не фрлајте ги сметките, чувајте ги и по 10 години
10. 12.2013 - 09:39:53
категорија: ЕКОНОМИЈА
Емилија Зографска добитничка на PRO.PR Awards 2014
10. 12.2013 - 09:20:25
категорија: ЕКОНОМИЈА
Две италијански компании сериозно заинтересирани за инвестирање во Македониија
09. 12.2013 - 15:34:39
категорија: ЕКОНОМИЈА
Ставрески: Сите бараат фискални сметки
09. 12.2013 - 14:41:25
категорија: ЕКОНОМИЈА
Италијанските бизнисмени се запознаа со можностите за инвестирање во Македонија
09. 12.2013 - 14:28:19
категорија: ЕКОНОМИЈА
Ставрески: Македонија ќе продолжи со реализацијата на Јужен тек
09. 12.2013 - 13:59:30
категорија: ЕКОНОМИЈА
Ставрески во Кочани пушти во употреба две и најави асфалтирање на уште шест улици
09. 12.2013 - 13:44:17
категорија: ЕКОНОМИЈА
Најскапите новогодишни аранжмани се распродадени
07. 12.2013 - 14:05:24
категорија: ЕКОНОМИЈА
Буџетот за 2014-та на седница пред Собранието на 16-ти декември
07. 12.2013 - 09:57:41
категорија: ЕКОНОМИЈА
Како помина месец ноември за Македонската берза?
06. 12.2013 - 14:18:35
категорија: ЕКОНОМИЈА
Компании од Источна Европа пројавија интерес за инвестирање во државата
06. 12.2013 - 13:46:58
категорија: ЕКОНОМИЈА
Инвеститори од Дубаи ќе вложат пет милиони евра и ќе вработат 100 лица
06. 12.2013 - 13:36:16
категорија: ЕКОНОМИЈА
Израелска компанија заинтересирана за вложување во земјоделскиот сектор
06. 12.2013 - 12:58:39
категорија: ЕКОНОМИЈА
Новогодишен подарок: HBO и HBO Comedy бесплатно за корисниците на Boom TV
06. 12.2013 - 12:56:57
категорија: ЕКОНОМИЈА
Девизните резерви пораснаа за 25,6 милиони евра
06. 12.2013 - 12:04:37
категорија: ЕКОНОМИЈА
Груевски: Македонија има добра бизнис клима потврдена од меѓународните организации
06. 12.2013 - 11:25:44
категорија: ЕКОНОМИЈА
Турските туристи заинтересирани за патување во Македонија
06. 12.2013 - 10:38:44
категорија: ЕКОНОМИЈА
Се вчитува...
Архива
Тема на денот
Најнови вести денес
Најчитани вести
Колумна
Напаѓачите на споменикот на цар Душан се со заробени умови
08. 12.2013 - 09:12:10
Ало, „Разбуди се“, ш’о правиме сега, ги разбудивте фашистите! А вам топло ви препорачувам да осознаете за да научите...
Афоризам by Васил Толевски
Поголемиот дел од народот е задоволен! Не е мала работа во оваква џунгла да се остане жив!?
Поголемиот дел од народот е задоволен! Не е мала работа во оваква џунгла да се остане жив!?
НетПрес видео
Држава
Валута
Куповен
Среден
Продажен
ЕМУ
EUR
61,19
61,49
61,8
В. Британија
GBP
75,53
75,91
76,29
Швајцарија
CHF
50,78
51,03
51,29
САД
USD
47,4
47,64
47,88
Маркетинг    Архива    За нас    Контакт   Rss
Вестите на интернет страницата на новинската агенција НЕТПРЕС може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од новинската интернет агенција НЕТПРЕС, или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите.
© Copyright Net Press 2012, Skopje, MACEDONIA
Правен застапник на Новинската интернет агенција Нетпрес е адвокатската канцеларија "Апостолски" од Скопје
тел./факс: +389 2 3110 617; +389 2 3109 684
www.apostolski.com.mk
developed by: web design studio: Meduim3