11/20/2017 9:47:45 PM
Почетна
Македонија
Политика
Економија
Крими хроника
Балкан
Свет
Живот
Анализи/Коментари/Ставови
Магазин
Секс
Спорт
верзија за мобилен уред
NetPress на Facebook

Напаѓачите на споменикот на цар Душан се со заробени умови

08.12.2013 - 09:12:10
Напаѓачите на споменикот на цар Душан се со заробени умови
Ало, „Разбуди се“, ш’о правиме сега, ги разбудивте фашистите! А вам топло ви препорачувам да осознаете за да научите. Ако се борите за слобода на мислењето, треба да имате мислење поткрепено со знаење.

Верувам дека оштетувањето на споменикот не сте го сториле вие, но жалам што всушност вие сте ги повикале оние што сметаат дека Скопје е само нивно, а и третина од Македонија и дека Србија е „само“ до Ниш.

Она што ве компромитира е тоа што државата, а не вие, знаела дека царот Душан бил цар на Македонците, Србите, Бугарите, Грците и Арбанасите. Како што знаела дека Скопје кралот Милутин, уште пред Душан, го одзел од Византија, а не од Македонците и или, пак, од Албанците.

Иако се претставувате дека политички не сте определени, вашата постапка поради назнаењето открива дека тоа не е вистина. Тогаш разбирливо е тоа што власта ја иритираат разно-разни групи на т.н. „слободни гаѓани“, кои одвреме навреме демонстрираат низ центарот во Скопје тврдејќи дека се борци за слобода на мислењето. А за да бидеме слободни треба да бидеме образовани со вистинското знаење, за што се потребни вистинските учители и наставници, кои многу често се разликуваат според знаењето што е прилагодено за класата која владее. Притоа, не се мисли тука на тие што се сега на власт, туку и тие што се борат да ја освојаат, затоа што и тие живеат од политиката. Слободниот човек, мислител, теба да знае дека и тие се борат пред се за да ги задоволаат своите интереси.

Вие реагиравте не затоа што Душан бил цар, туку затоа што српската црква ја пишувала историјата, па кажала дека тоа бил српски цар, затоа што само таму имало писмени, и дека и црковините имоти на кои исто така работеле кметови имале третман на државни имоти. Затоа, пак, хрватските историчари и кога е во прашање Босна, секаде каде што пишува српски, тие го преведуваат како словенски јазик. Не денешениот словенечки јазик, туку старословенскиот. Како што и инаку се пишувало во тоа време. А знаеме дека тоа писмо го создале светите браќа Крил и Методиј. Токму 22 манастири и цркви во Скопска Црна Гора, од кои еден е оштетен од балистите (упс), УЧК во селото Матејче, бил завештание на царица Елена, жена му на Душан, инаку Бугарка. Но, и мајка му на Душан била Бугарка. Можеби и Македонка? Но, тогаш поради доминација на Бугарите на овие простори и Самоил го сметаат за свој. А тоа се должи на тоа што македонското име било повеќе прославено на југот, кога македонските Словени предеводени од Филип втори ги освоиле полиси-државите на античката Грција, а подоцна неговиот син ја создаде најголемата империја наречена Античка Македонија.

На Бугарите не им пречи што моштите на кралот Милутин лежат во Софија, односно изложени се во манастирот Света Недела, изграден со пари токму од Милутин. Иако тој со своите витези војувал против Бугарија, неговите мошти се изложени во капелата на истиот манастир, поради што Бугарите ја нарекуваат црквата на светиот крал. Колку што ми е познато, Душан не војувал против Македонците. Но, војувал да ја освои денешна северна Албанија, каде тогаш живееле и православни Арбанаси.

Повеќе од 40 манастири и цркви во Македонија се подигнати за време на кралот Милутин и цар Душан. Најфотографирана црква од времето на цар Душан е Свети Канео во Охрид, оставнина на тогашната владетелка, властеликата на Охрид.

Она што треба да знаат луѓето, особено тие што се нарекуват слободни граѓани, дека во средниот век, за владеачката класа најважно било да го сочува имотот и кметовите, владетелот да е од иста вера и да го зборува истиот јазик. А цар Душан тие услови ги исполнувал. Додека за монозинствово, а тоа се кметовите, најважно им било владетелите да бидаат благородни и храбри. Но, за нивна несреќа иако ги нарекувале благородници, тие сепак не ги штеделе во работата. Но, православната властела, кога била поразена од турската сила, се согласилаа да ја менува верата, само за да го сочува богатството.

Тие што го напаѓаат споменикот на цар Душан се со зарбени умови. Но, вие од здружението „Разбуди се“ треба да сте слобдни луѓе. А слободен човек е тој кој мечтае да живее во слободно општество, без класни разлики и експлоатација на кој било човек. Тој што сака да му наметне одредница, придавка, кавлификатив, ентитет или атрибут, има само една намера - да дисквалификува.

Инаку, која било идеја, та и најголемата каква што е идејата на Исус, ѓаволот во човекот ја компромитирал. Но, никој не може да ја дисквалификува самата идеја на Господ, иако со векови ја искривоколчуваат и тоа инстуционално преку религии. Додека слободен човек знае дека Господ не е ниту на небо, ни на земја, туку треба да е во Човекот, тој самиот треба да успее да го потисне ѓаволот во себе.

А Бог е духот во Човекот, а егото е ѓаволот.

Така, националната одредница е само административна. Човекот е случајно Македонец или Французин зато што се родил на некое место каде што административно го водат со таква одредница.

Границите се наметнти од владетели, експлоататори, од класата која има власт за да може да го експлоатира мнозинството.

Така се создадени одредниците - аристократ, работник, селанец. Иако сите сме луѓе, со исти потреби и исти идеали – да живееме задоволни и што почесто среќни. 

Или можеби вие од „Разбуди се“ не ја знаете дефиницијата на државата што ја напишал Платон?!
автор: Велимир Цвејиќ за МКД.МК
Напаѓачите на споменикот на цар Душан се со заробени умови
08. 12.2013 - 09:12:10
категорија: КОЛУМНА
Ревизија
02. 12.2013 - 09:36:23
категорија: КОЛУМНА
Латино
25. 11.2013 - 10:19:13
категорија: КОЛУМНА
Краставица нокаут за Заев и медиумите на СДСМ
17. 11.2013 - 15:10:37
категорија: КОЛУМНА
Свекрвата на Шекеринска за едни мајка, за други маќеа
05. 11.2013 - 15:39:19
категорија: КОЛУМНА
Славјаноалбанците се неосвестени Бугари
04. 11.2013 - 11:26:28
категорија: КОЛУМНА
Насер Селмани, лидер на опозицијата
29. 10.2013 - 16:06:00
категорија: КОЛУМНА
Пресуда
28. 10.2013 - 08:15:11
категорија: КОЛУМНА
Николоски: Држењето пресови за Кежаровски пред влада е опозициска агенда
25. 10.2013 - 20:19:53
категорија: КОЛУМНА
Предавниците од новото време
14. 10.2013 - 09:17:35
категорија: КОЛУМНА
Ново коло нова среќа за издишаниот Геро
09. 10.2013 - 17:02:37
категорија: КОЛУМНА
Писмо од читател: Мизерен експерт
09. 10.2013 - 15:03:47
категорија: КОЛУМНА
Д-р Никола Бакрачески- единствена надеж за просперитет на Еѓипќанскиот етникум
30. 09.2013 - 16:08:20
категорија: КОЛУМНА
Експертот и Шефицата
25. 09.2013 - 17:12:02
категорија: КОЛУМНА
СДСМ, Сорос и Самарас со иста шема: Македонија и Македонците да ги нема!
24. 09.2013 - 09:01:59
категорија: КОЛУМНА
СДСМ Законска
23. 09.2013 - 09:56:45
категорија: КОЛУМНА
Наталитетот, наставниците, трендовите и бројките
11. 09.2013 - 11:41:23
категорија: КОЛУМНА
За името се работи
29. 08.2013 - 09:52:59
категорија: КОЛУМНА
Географската одредница за мене ќе биде окупаторска држава
26. 08.2013 - 09:06:20
категорија: КОЛУМНА
„Сакам да кажам“ за Горанче
11. 08.2013 - 18:27:08
категорија: КОЛУМНА
Шлеперот и жабата на комуњарите на Црвенковски
05. 08.2013 - 13:59:29
категорија: КОЛУМНА
И со чебапчина се прави туризам
31. 07.2013 - 13:51:29
категорија: КОЛУМНА
Кој тоа смее да ти се јавува, маци?
28. 07.2013 - 11:53:03
категорија: КОЛУМНА
За слободата беше зборот
26. 07.2013 - 14:44:58
категорија: КОЛУМНА
Се вчитува...
Архива
Тема на денот
Најнови вести денес
Најчитани вести
Колумна
Напаѓачите на споменикот на цар Душан се со заробени умови
08. 12.2013 - 09:12:10
Ало, „Разбуди се“, ш’о правиме сега, ги разбудивте фашистите! А вам топло ви препорачувам да осознаете за да научите...
Афоризам by Васил Толевски
Поголемиот дел од народот е задоволен! Не е мала работа во оваква џунгла да се остане жив!?
Поголемиот дел од народот е задоволен! Не е мала работа во оваква џунгла да се остане жив!?
НетПрес видео
Држава
Валута
Куповен
Среден
Продажен
ЕМУ
EUR
61,19
61,49
61,8
В. Британија
GBP
75,53
75,91
76,29
Швајцарија
CHF
50,78
51,03
51,29
САД
USD
47,4
47,64
47,88
Маркетинг    Архива    За нас    Контакт   Rss
Вестите на интернет страницата на новинската агенција НЕТПРЕС може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од новинската интернет агенција НЕТПРЕС, или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите.
© Copyright Net Press 2012, Skopje, MACEDONIA
Правен застапник на Новинската интернет агенција Нетпрес е адвокатската канцеларија "Апостолски" од Скопје
тел./факс: +389 2 3110 617; +389 2 3109 684
www.apostolski.com.mk
developed by: web design studio: Meduim3