11/22/2017 4:20:15 AM
Почетна
Македонија
Политика
Економија
Крими хроника
Балкан
Свет
Живот
Анализи/Коментари/Ставови
Магазин
Секс
Спорт
верзија за мобилен уред
NetPress на Facebook

Енергетските компании и годинава ги стимулират најдобрите студенти

18.06.2013 - 12:20:18
Енергетските компании и годинава ги стимулират најдобрите студенти
Петнаесет студенти од електроенергетските насоки на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) ќе добиваат месечна стипендија од по 6000 денари обезбедена од АД „Електрани на Македонија“, АД МЕПСО и ЕВН Македонија.  Со ова продолжува традицијата на стипендирање на најдобрите студенти на ФЕИТ кои ќе добиваат стипендии до крајот на студиите доколку ја задржат минималната просечна оценка од 8.0.

Претставниците на енергетските компании денеска врачија по пет стипендии за најдобрите студенти од ФЕИТ кои ќе бидат стипендирани до крајот на студиите, доколку ја задржат минималната просечна оценка од  8.0. Бројот на стипендирани студенти, годинава, е поголем од лани. Исто така, оваа година, студентите покажаа многу повисок просечен успех на положените испити.

„Благодарејќи на нашата иницијатива, залагањето на трите компании од енергетската област и секако, кампањата на Владата за студирање на техничките науки, бројот на запишани студенти на електроенергетските насоки постојано се зголемува. Пред две години бројот на запишани студенти беше околу 30. Првата година со стипендии се зголеми на 60, а минатата година се запишаа над 100 студенти“, рече деканот на ФЕИТ, Миле Станковски. 

Според Игор Гиевски, член на Управниот одбор на ЕВН Македонија, поддршката за едно семејство во деновите на студирање секогаш е добредојдена. 

„Во процесот на студирање секогаш најбитна е желбата за учење, истрајноста и посветеноста, но се разбира добредојдена е финансиската и практикантска помош како поттик за побрзо и поуспешно завршување на студиите. Оваа година ќе доделиме 4 стипендии за студенти во прва студиска година и една стипендија за студент од претпоследна студиска година. Стипендистите ќе имаат можност да практицираат во нашата компанија, а притоа ќе бидат водени од определен ментор кој ќе се грижи за вовед на стипендистот во компанијата, како и за поддршка и следење во целиот процес на учење“, нагласи Гиевски.

Генералниот директор на АД „Електрани на Македонија“ Дејан Бошковски, кој во име на АД ЕЛЕМ ги додели стипендиите на избраните студенти, го потенцираше значењето на компанијата како стожер на електроенергетскиот систем во земјава, како и важноста да се ангажираат квалитетни стручни кадри.

„Студентите од ФЕИТ ги гледаме како наши идни колеги и менаџери, кои во иднина, со своето знаење ќе работат на унапредување на енергетиката како најважен фактор  и основа за економскиот развој на  државата. Резултатот е повеќе од очигледен - секоја година значително се зголемува бројот на запишани студенти на насоките за енергетика. АД ЕЛЕМ  две години доделува стипендии на студенти од ФЕИТ за да ги поттикне младите да се образуваат и усовршуваат во енергетскиот сектор“, истакна Бошковски.  

За претседателот на Управниот одбор и генерален директор на АД МЕПСО,  Синиша Спасов, чест и задоволство е да се креира и учествува во активност која станува позитивна општествено-одговорна практика и дава одлични резултати - ги мотивира студентите да постигнуваат подобри резултати во академските циклуси. 

„Тоа што годинава имаме повеќе стипендисти од лани во посилна конкуренција на апликанти, тоа што во конкуренција за стипендии се студенти со висок успех, односно „просек“ е голем мотив за МЕПСО, оваа пракса на доделување стипендии да премине во традиција,“ потенцираше Спасов.

автор: Нетпрес
Македонците, заедно со Русите и Украинците, најчести посетители и потрошувачи во Солун
10. 12.2013 - 16:01:32
категорија: МАКЕДОНИЈА
Училишно советувања за ученици кои имаат многу изостанoци или слаб успех
10. 12.2013 - 14:13:04
категорија: МАКЕДОНИЈА
ВИДЕО: „Прекрасна Македонија“ сведок за природните убавини, богатата традиција и историја
10. 12.2013 - 13:50:48
категорија: МАКЕДОНИЈА
Груевски: Евроинтеграцијата најважен национален приоритет и стратешка цел на Македонија
10. 12.2013 - 13:01:54
категорија: МАКЕДОНИЈА
Студено и суво време до четврток, потоа благ пораст на температурите
10. 12.2013 - 12:58:43
категорија: МАКЕДОНИЈА
Може ли Солунското пристаниште без македонските компании?
10. 12.2013 - 12:40:04
категорија: МАКЕДОНИЈА
Археолошки истражувања на неолитската населба Кременица во преспанскиот регион
10. 12.2013 - 12:30:58
категорија: МАКЕДОНИЈА
Започна новогодишното украсување на Кисела Вода
10. 12.2013 - 11:22:14
категорија: МАКЕДОНИЈА
Владата ќе постави црвен тепих за граѓаните
10. 12.2013 - 09:51:03
категорија: МАКЕДОНИЈА
ОМД: Се’ уште се кршат човековите права на Македонците
10. 12.2013 - 09:09:31
категорија: МАКЕДОНИЈА
Силен земјотрес го потресе Валандово
10. 12.2013 - 08:38:21
категорија: МАКЕДОНИЈА
Ставрески на средби со бизнимените од Струмица и Радовиш
10. 12.2013 - 08:23:44
категорија: МАКЕДОНИЈА
Трајановски на средба со градоначалникот на Солун
10. 12.2013 - 08:21:07
категорија: МАКЕДОНИЈА
Дожд и снег денеска, температурата до деветиот степен
10. 12.2013 - 08:13:50
категорија: МАКЕДОНИЈА
Тековен сообраќај по суви коловози
10. 12.2013 - 08:12:06
категорија: МАКЕДОНИЈА
УНЕСКО во проверка на заштитата на природното и културното богатство во Охрид
09. 12.2013 - 21:38:59
категорија: МАКЕДОНИЈА
Возете внимателно! Можна е појава на голомразица
09. 12.2013 - 18:30:31
категорија: МАКЕДОНИЈА
Македонија доби позитивни оценки од Светска банка: Прва во регионот и брзо напредува
09. 12.2013 - 14:49:36
категорија: МАКЕДОНИЈА
Следната година има 27 неработни денови
09. 12.2013 - 14:23:05
категорија: МАКЕДОНИЈА
При крај е изградбата на паркинг кај манастирот „Свети Пантелејмон”
09. 12.2013 - 13:25:28
категорија: МАКЕДОНИЈА
Груевски се сретна со Херман ван Ромпуј: Ја претставивме вистинската слика за Македонија
09. 12.2013 - 13:00:48
категорија: МАКЕДОНИЈА
Дипломатските активности на премиерот Груевски ги загрижуваат Грците
09. 12.2013 - 12:24:16
категорија: МАКЕДОНИЈА
Врачени највисоките општински награди и признанија на Охрид
09. 12.2013 - 11:57:23
категорија: МАКЕДОНИЈА
Порталите блиски до опозицијата веќе не знаат што прават!
09. 12.2013 - 11:50:11
категорија: МАКЕДОНИЈА
Се вчитува...
Архива
Тема на денот
Најнови вести денес
Најчитани вести
Колумна
Напаѓачите на споменикот на цар Душан се со заробени умови
08. 12.2013 - 09:12:10
Ало, „Разбуди се“, ш’о правиме сега, ги разбудивте фашистите! А вам топло ви препорачувам да осознаете за да научите...
Афоризам by Васил Толевски
Поголемиот дел од народот е задоволен! Не е мала работа во оваква џунгла да се остане жив!?
Поголемиот дел од народот е задоволен! Не е мала работа во оваква џунгла да се остане жив!?
НетПрес видео
Држава
Валута
Куповен
Среден
Продажен
ЕМУ
EUR
61,19
61,49
61,8
В. Британија
GBP
75,53
75,91
76,29
Швајцарија
CHF
50,78
51,03
51,29
САД
USD
47,4
47,64
47,88
Маркетинг    Архива    За нас    Контакт   Rss
Вестите на интернет страницата на новинската агенција НЕТПРЕС може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од новинската интернет агенција НЕТПРЕС, или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите.
© Copyright Net Press 2012, Skopje, MACEDONIA
Правен застапник на Новинската интернет агенција Нетпрес е адвокатската канцеларија "Апостолски" од Скопје
тел./факс: +389 2 3110 617; +389 2 3109 684
www.apostolski.com.mk
developed by: web design studio: Meduim3