5/22/2018 7:13:53 PM
Почетна
Македонија
Политика
Економија
Крими хроника
Балкан
Свет
Живот
Анализи/Коментари/Ставови
Магазин
Секс
Спорт
верзија за мобилен уред
NetPress на Facebook

Транспорт објавува оглас за распределување социјални станови во Битола и Берово

29.09.2012 - 13:21:02
Транспорт објавува оглас за распределување социјални станови во Битола и Берово
Министерството за транспорт и врски в понеделник ќе објави оглас за распределување на 129 социјални станови, од кои 78 во Битола и 51 социјален стан во Берово.

Социјалните станови се наменети за решавање на станбеното прашање на лица кои спаѓаат во една од социјалните категории: деца без родители или родителска грижа кои имаат над 18 години, корисници на социјална или постојана парична помош, лица погодени од елементарни природни непогоди без разлика на правниот статус на нивните постојни живеалишта, инвалидни лица или лица на кои им е потребна помош и грижа од друго лице, самохрани родители со малолетни деца, припадници на Ромската заедница социјално загрозени...

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески на денешната прес - конференција потенцира дека становите ќе се распределуваат согласно методологијата за бодирање на кандидатите за добивање социјален стан под закуп, а ќе се земе предвид и бројот на членови во заедничкото домаќинство, вкупниот расположив прилив на средства по член да не изнесува повеќе од 50 евра во денарска против вредност, старосната структура и трајниот инвалидитет.

“Овие станови Министерството ги распределува јавно по електронски пат, а подносителот на барањето за добивање социјален стан под закуп може да поднесе документација и да аплицира само за една од седумте категории корисници на социјални станови“, нагласи Јанакиески. Тој укажа оти доколку лицето или некој од членовите  на неговото заедничко домаќинство аплицира повеќе од една од категориите на корисници, сите поднесени обрасци ќе бидат отфрлени.

Крајниот рок за аплицирање во меѓуопштинските центри за социјална работа во Битола и во Берово е 1-ви ноември 2012 година.

“Владата континуирано го реализира проектот за домување на социјално ранливите групи во рамки на кој е предвидена изградба на 35 објекти во 26 града на територијата на Република Македонија. Во периодот од 2007 до 2011 година  изградени се 9 објекти со 430 станови и тоа 29 во Македонска Каменица, 102 во два објекти во Скопје, 71 во Охрид, 32 во Кичево, 29 во Кочани, 30 во Кавадарци и 46 во Крива Паланка“, потсети министерот Јанакиески, додавајќи оти само во 2012 и 2011 година се склучени договори за закуп и вселени се 293 станови наменети за социјално ранливи групи.

Вредноста на договорот за изградба на објектите во Битола и во Берово, информира на прес - конференцијата директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор, Цветко Грозданов, е 70 милиони 112 илјади и 427 денари, а зградите се изградени по сите стандарди.

“Постојат и рампи за инвалидизираните или хендикепираните лица за кои треба да им се обезбеди нормален пристап. Бидејќи станува збор за социјано ранливите категории на лица, сите станови се со квадратура од 35 до 35 метри квадратни“, појасни Грозданов. 
автор: Нетпрес
Македонците, заедно со Русите и Украинците, најчести посетители и потрошувачи во Солун
10. 12.2013 - 16:01:32
категорија: МАКЕДОНИЈА
Училишно советувања за ученици кои имаат многу изостанoци или слаб успех
10. 12.2013 - 14:13:04
категорија: МАКЕДОНИЈА
ВИДЕО: „Прекрасна Македонија“ сведок за природните убавини, богатата традиција и историја
10. 12.2013 - 13:50:48
категорија: МАКЕДОНИЈА
Груевски: Евроинтеграцијата најважен национален приоритет и стратешка цел на Македонија
10. 12.2013 - 13:01:54
категорија: МАКЕДОНИЈА
Студено и суво време до четврток, потоа благ пораст на температурите
10. 12.2013 - 12:58:43
категорија: МАКЕДОНИЈА
Може ли Солунското пристаниште без македонските компании?
10. 12.2013 - 12:40:04
категорија: МАКЕДОНИЈА
Археолошки истражувања на неолитската населба Кременица во преспанскиот регион
10. 12.2013 - 12:30:58
категорија: МАКЕДОНИЈА
Започна новогодишното украсување на Кисела Вода
10. 12.2013 - 11:22:14
категорија: МАКЕДОНИЈА
Владата ќе постави црвен тепих за граѓаните
10. 12.2013 - 09:51:03
категорија: МАКЕДОНИЈА
ОМД: Се’ уште се кршат човековите права на Македонците
10. 12.2013 - 09:09:31
категорија: МАКЕДОНИЈА
Силен земјотрес го потресе Валандово
10. 12.2013 - 08:38:21
категорија: МАКЕДОНИЈА
Ставрески на средби со бизнимените од Струмица и Радовиш
10. 12.2013 - 08:23:44
категорија: МАКЕДОНИЈА
Трајановски на средба со градоначалникот на Солун
10. 12.2013 - 08:21:07
категорија: МАКЕДОНИЈА
Дожд и снег денеска, температурата до деветиот степен
10. 12.2013 - 08:13:50
категорија: МАКЕДОНИЈА
Тековен сообраќај по суви коловози
10. 12.2013 - 08:12:06
категорија: МАКЕДОНИЈА
УНЕСКО во проверка на заштитата на природното и културното богатство во Охрид
09. 12.2013 - 21:38:59
категорија: МАКЕДОНИЈА
Возете внимателно! Можна е појава на голомразица
09. 12.2013 - 18:30:31
категорија: МАКЕДОНИЈА
Македонија доби позитивни оценки од Светска банка: Прва во регионот и брзо напредува
09. 12.2013 - 14:49:36
категорија: МАКЕДОНИЈА
Следната година има 27 неработни денови
09. 12.2013 - 14:23:05
категорија: МАКЕДОНИЈА
При крај е изградбата на паркинг кај манастирот „Свети Пантелејмон”
09. 12.2013 - 13:25:28
категорија: МАКЕДОНИЈА
Груевски се сретна со Херман ван Ромпуј: Ја претставивме вистинската слика за Македонија
09. 12.2013 - 13:00:48
категорија: МАКЕДОНИЈА
Дипломатските активности на премиерот Груевски ги загрижуваат Грците
09. 12.2013 - 12:24:16
категорија: МАКЕДОНИЈА
Врачени највисоките општински награди и признанија на Охрид
09. 12.2013 - 11:57:23
категорија: МАКЕДОНИЈА
Порталите блиски до опозицијата веќе не знаат што прават!
09. 12.2013 - 11:50:11
категорија: МАКЕДОНИЈА
Се вчитува...
Архива
Тема на денот
Најнови вести денес
Најчитани вести
Колумна
Напаѓачите на споменикот на цар Душан се со заробени умови
08. 12.2013 - 09:12:10
Ало, „Разбуди се“, ш’о правиме сега, ги разбудивте фашистите! А вам топло ви препорачувам да осознаете за да научите...
Афоризам by Васил Толевски
Поголемиот дел од народот е задоволен! Не е мала работа во оваква џунгла да се остане жив!?
Поголемиот дел од народот е задоволен! Не е мала работа во оваква џунгла да се остане жив!?
НетПрес видео
Држава
Валута
Куповен
Среден
Продажен
ЕМУ
EUR
61,19
61,49
61,8
В. Британија
GBP
75,53
75,91
76,29
Швајцарија
CHF
50,78
51,03
51,29
САД
USD
47,4
47,64
47,88
Маркетинг    Архива    За нас    Контакт   Rss
Вестите на интернет страницата на новинската агенција НЕТПРЕС може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од новинската интернет агенција НЕТПРЕС, или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите.
© Copyright Net Press 2012, Skopje, MACEDONIA
Правен застапник на Новинската интернет агенција Нетпрес е адвокатската канцеларија "Апостолски" од Скопје
тел./факс: +389 2 3110 617; +389 2 3109 684
www.apostolski.com.mk
developed by: web design studio: Meduim3